Кралството Саудиска Арабија и Македонија досега имаат добри и пријателски односи, но потребно е интензивирање и зајакнување на меѓусебната политичка комуникација на секое ниво.

Ова се дел од заклучоците од денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со министерот за правда на Кралството Саудиска Арабија Валид бин Мухамед Ал-Саман.

Kако што соопшти собраниската прес-служба, Џафери истакнаl дека ваквите посети од високи претставници на Саудиска Арабија ќе бидат поттик понатаму за зајакнување на соработката на повеќе нивоа, особено на економски план.

Џафери исто така ја нагласиl потребата од интензивирање и на парламентарната соработка и ги поздрави досегашните прифатени иницијативи од страна на Саудиска Арабија за потпишување на повеќе билатерални договори во разни области.

На средбата присуствувал и потпретседателот на Собранието на Македонија, Хусни Исмаили, кој воедно е и претседател на Парламентарната група за соработка со земјите од Блискиот Исток и Арапскиот залив. Тој ги поздравил гостите и изразил надеж дека оваа средба ќе биде поттик за интензивирање на понатамошната соработка.

Министерот за правда на Кралството Саудиска Арабија, Валид Бин Мухамед Ал-Саман се заблагодарил на приемот и на средбата со претседателот на Собранието, Џафери. Тој ги пренел поздравите од највисоките претставници од неговата земја и притоа ја истакна важноста на зајакнување и интензивирање на идната соработка меѓу двете земји. Мухамед Ал-Саман изразил уверување дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двете министерства за правда, ќе се создадат добри основи за идна институционална соработка и носење на регулативи во повеќе области од заемен интерес на двете страни.

Како што се наведува во соопштението, сите заеднички се заложиле да дадат личен придонес во зајакнувањето на идната соработка на секое ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.