По повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Владата на Република Македонија организира настани за свечено одбележување на државниот празник во Охрид. Преносот во живо од настаните може да го проследите на следните линкови:

23 Мај 2023 (вторник)

19:30 часот, Црква Св.Софија- Прием и концерт на гудачкиот ансамбл „Антео”.

20:00 – 21:00 Концерт по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.

24 Мај 2023 (среда)

10:00 часот, х. Инекс Олгица – Панел дискусија „Македонскиот јазик во словенскиот свет” на која воведен збор ќе има премиерот Димитар Ковачевски.

11:30 часот, плоштад Охрид- Положување на цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј.

12:00 часот, Плаошник – Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на централната свеченост, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.

11:30 – 13:00 часот Свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.