Ни фали јасна дефиниција и јасен јазик за тоа што е жена, што е маж, а што е трансродова жена а што е трансродов маж, вели за Детектор Мирјана Јовановска Стојановска, Претседател на Комората на психолози на Македонија. Таа додава дека на лицата кои се идентификуваат со различен род од оној во кој се родиле многу им значи да бидат прифатени од општеството.
На луѓето кои сакаат да го сменат поплот и аплицираат да се смени тоа, тоа им е животно прашање. Тоа многу им значи и ние не можеме да им го скратиме тоа право. Има и една друга група луѓе на кои треба можеби да им стане јасно, што е тоа што го одбиваат. Можеби треба повеќе да се зборува за тоа и да ни станува јасно. Што е биологијата, што е внатрешното чувство, никој нема право некому да му го скрати тоа чувство и како се идентификува, вели Стојановска за Детектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.