„Нова Влада, нова владејачка колалиција, а пак стари навики и погрешни политики, вели Бојан Стојаноски“, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на вчерашниот ден, „зголеменото“ мнозинство одби повеќе закони поднесени од нашата пратеничка група и коалицијата. Имено, „прогресивното мнозинство“ гласаше против зголемување на платите на припадниците на МВР, гласаше против нашиот предлог за укинување на Законот за заменици директори на државни и јавни претпријатија со цел заштеда на народните пари и пренасочување на истите за реалните проблеми на граѓаните во здравството. Пратениците од мнозинството гласаа против Законот за заштита на децата со кој се предвидуваше стимулирање на многудетни семејства и подобрување на и онака веќе лошата демографска слика во Република Македонија“, рече тој.
Како што вели тој, во 21ви век не се зборува за странски инвестиции, вработувања, иновации и успеси, туку за немање на леб по рафтовите на маркетите и трпезите на граѓаните.
Владата на Ковачевски со своите политики буквално ги остави граѓаните без леб. Оваа таканаречена лебна криза е резултат на неспособноста на владата да ги уреди пазарните односи, а за жал тоа најмногу го трпат граѓаните. Но, денес би сакале да поставиме едно клучно прашање, дали и колку самата Влада ги почитува прописите кои сама ги создава, односно дали се води од истите математики кога е во прашање трошењето на народните пари?“, прашува пратеникот Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.