Стојаноска: Наместо Ковачевски да потроши 26.000 евра за негова промоција на социјалните мрежи, можеше да помогне на лицата со цистична фиброза

Македонија 02.03.2023 / 13:52

Последна точка од 104 седница е точка е предлог за избор на нови заменици министри во 5 министерства, и немам никаква обврска да се произнесам по овие предлози на Ковачевски бидејќи самиот тој ништо не кажа за нив, како што не кажа ни за претходните разрешени и предложени, но сепак сакам да изнесам некои мои кратки впечатоци за поединци, рече Дафина Стојаноска пратеничка на денешната собраниска седница.

Пратеничката Стојаноска во текот на своето обраќање кажа збор за некои од предложените заменици министри за реконструкција на влада.

-Тројца од нив не ни знам како изгледаат. Агин Нухиу го гледав овде во Собранието, но немам никаков впечаток за него, а посебно за неговата експертиза. Можеби и конечно да се пронајде во најдобрата улога како заменик министер за образование бидејќи досега немавме можност да просведочиме за тоа. Сепак останува фактот дека тој е незаменливиот, вечниот член на влада како и дека Ковачевски нема право на избор, туку има право да го прифати тоа што ќе му се понуди без никаква забелешка. За Бериша сакам да истакнам дека да и се даде шанса за заменик министер за земјоделие се сомневам дека е некаков достиг или е недостиг на други барем покомпетентни. Останува и овој предлог да го видиме на дело, вели таа.

Стојаноска укажа дека голем број од сопартијците на Ковачевски и одредени универзитетски професори сакаат да се оградат од лик каков што е Ковачевски.

-Ковачевски е со толку наведната глава што не знам како воопшто еден ден би можела да се исправи и да има тронка искреност кога ќе погледне во очите на своите квалитетни сопартијци или квалитетни универзитетски професори. Нив ги има не дека ги нема, само што повеќе од нив сакаат да се оградат од еден ваков лик кој со секој изминат ден станува непрепознатлив и нерепрезентативен било како партиец или како универзитетски професор, кажа Стојаноска.

Таа се осврна на информацијата која излезе пред некој ден каде Ковачевски потрошил 26.000 евра за негова промоција на социјалните мрежи и потенцираше дека со таа сума ќе можело да им се помогне барем малку на лицата со цистичка фиброза да го добијат лекот.

-Денес е 13 дена како се разгледува предлогог за реконструкција на владата на Ковачевски, а по само една година по неговиот прв предлог за влада, видовме како Ковачевски многу бледо ги одржа неговите експозеа по сите 4 точки на оваа седница и сето тоа доволно зборува за неговиот капацитет, но и за капацитетот на неговиот пр тим кој за само 100 дена потрошил цели 26.000 евра за негова промоција по социјалните мрежи. Со таа сум барем малку ќе се помогнеше на болните од цистична фиброза. За жал и по смртта на Благојче и по оставката на Сали трикафтата сеуште ја нема за овие болни, но затоа Ковачевски завчера објавил статус на меѓународниот ден на лицата со ретки болести на кои има само 400 допаѓање и само 7 коментари, додаде таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobet