Во 2019 година професорката Гордана Силјановска Давкова не изгуби туку изгуби Македонија и можеби тоа лошо се случи за арно, за сега после 5 години од 2019 година од кога го добивме и сеуште го имаме актуелниот претседател на државата кој јас во претходната панел дискусија го квалификував како мумија од претседател, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во изјава за вестите на МРТ 1.

Таа потенцираше дека добро е што народот увиде и добро е да се направи разликата што значи да се има претседател на држава како Стево Пендаровски или претседателка на држава како Гордана Силјановска Давкова.

Прво морам да потенцирам дека на панелот зборував и за традицијата и ми дојде една симболика помеѓу тешкото како една од најголемите македонски симболи. Тешкото е симбол на тоа кога нели младите заминувале во странство, маката нивните родители ја претставувале преку играњето на тешкото. Во Македонија во изминатите 5 години имаше ситуации каде нацијата беше во тешка состојба но немавме некој да не поведе – кажа Стојаноска.

Таа е децидна дека Гордана Силјановска Давкова во 2019 година кога на ВМРО-ДПМНЕ му било најтешко се придружила и станала ороводец на новата приказна на ВМРО-ДПМНЕ која сеуште не е завршена.

Гордана Силјановска Давкова како пратеничка е жена со став, интегритет и жена која никогаш не премолчила кога таа смета дека е во право и тоа го докажува и затоа сметам дека ова е последната шанса да избереме претседател кој достоинствено ќе не претставува во светот – заклучи Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.