По положувањето цвеќе на споменикот на бранителите, претседателот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов денеска упати повик до државниот и политичкиот врв на државата на 26 март да им оддадат почит на бранителите од 2001 година.
Го покануваме претседателот на државата Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, другите клучни министри, но воедно и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, лидерот на Левица Димитар Апасиев и претседателите на помалите политички парламентарни и вон парламентарни партии на 26 март во 12 часот, денот кога македонските безбедносни сили извојуваа победа над УЧК, да дојдат овде и да оддадат почит на македонските бранители, рече Ангелов.
Според Ангелов, ова нивно барање до државниот и политичкиот врв не треба да предизвика, како што рече, никакво влошување на меѓуетничките односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.