Власта продолжува со криминалот и корупцијата. Нема воопшто борба со криминал и корупцијата, дури напротив, власта на ДУИ и СДСМ уште повеќе го надградува криминалот во Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Истите ликови заради коишто Македонија тоне во тешки кризи не се откажуваат власта и од неразумни тендери. МВР на Оливер Спасовски во јануари доделува тендер од половина милион евра за сончеви колектори, оние за топла вода, не за струја. Се работи за зафат во речиси сите СВР-а во Македонија, како и одморалишта на МВР низ земјава. Добитник на овој солен тендер е фирмата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ од Скопје, во конкуренција со уште една пристигната понуда до МВР, од фирма којашто според протфолиото има 20 години стаж и успех специјализирана за климатизација, соларна енергија и водовод. Добитникот на половина милион евра од МВР за сончеви колектори, односно загревачи на топла вода е ДОН ХОЛДИНГ истата онаа фирма којашто доби тендер за набавка на две машини за перење во Ѓорче Петров од 25.500 евра, за градинка во Ѓорче Петров, за две машини за перење 25.500 евра. За скандалот којшто беше голем во предизборието и за којшто постоеше голем интерес и набавката не се изврши под притисок на јавноста, МВР нема покренато иницијатива, но затоа ДОН ХОЛДИНГ фирмата којашто е блиска до СДСМ и до поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров добива тендер токму од МВР од половина милион евра за сончеви колектори – вели Стоилковски

Тој додава дека да потсетам според Централниот регистар, но и според податоци во УЈП, компанијата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е фирма со основна дејност-транспорт. Документите од Централен регистар и документите од УЈП, велат дека Дон Холдинг ДООЕЛ Скопје, е со дејност товарен патен транспорт, друштво со ограничена одговорност на едно лице, дејност товарен патен транспорт, место со адреса Скопје, Ѓорче Петров.

Почитувани, главното прашање кое што се поставува по овој тендер е како фирма за транспорт, товарен транспорт, фирма на едно лице, добива тендер од половина милион евра од МВР? Како е можно МВР да даде тендер за соларни панели, со инсталација, со се низ нејзините објекти, на фирма- за товарен транспорт, фирма на едно лице? По кои критериуми се воделе во МВР, па за соларни панели за топла вода, и за водоинсталатерски работи да изберат фирма за- товарен транспорт? Секако не помалку важно прашање е како токму МВР на тендер избира фирма којашто беше замешана во тежок коруптивен скандал повторно со тендери со набавки? Нема друго логично објаснување освен дека МВР на Спасовски наместо да расчистува криминогени скандали, да се бори со криминал и корупција, МВР на Оливер Спасовски дели тендери со фирми инволвирани во истите скандали!? Наместо да го расчисти скандалот со машините за перење во Ѓорче Петров, Оливер Спасовски и МВР даваат пола милион тендер на истата компанија?! – прашува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.