По недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков, именуван од владата на функција директор во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните, владата на Димитар Ковачевски мора експресно да го разреши, но и владата јавно да се извини за навредите од својот функционер, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во неговиот коментар стои:
Се поинаку може да се разбере дека истите навреди се нарачка и поддржани лично од Ковачевски, но и дека фото-пораката е направена и испратена од некое заедничко владино спонзорирано гоштевање платено од буџетот. Што не е чудо, ниту за прв пат. Такво веројатно беше и шетањето на Зиков во Белград на Саемот за храна и вино, за што владата даде 400.000 евра. Се уште нема одговор што бараше Љупчо Зиков, директор на МЕПСО, на Саем на храна и вино во Србија, во работен ден, додека државата тоне во енергетски мрак и катастрофа? * Фотографија објавена од Љупчо Николовски на Фејсбук од Саемот за храна и вино, Белград, 1 септември 2022 г, ден четврток. Зошто тој ден, ако не и сите три дена, Зиков не беше на работа, кој му го платил патот и сместувањето во Белград, дали можеби и дневници земал за патување? Праша Стоилковски.
Без одговори и одговорност, “Паразитите” ја изедоа државата со бифтеци и скапи вина, а кон граѓаните што го полнат буџетот за тие да земаат илјадници евра ќе им порачуваат “да јадат ….”!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.