Претседателот Стево Пендаровски е на добар пат да го надмине и Зоран Заев во менувањето на ставовите. Сѐ уште актуелниот шеф на државата за само неколку месеци дава споротивни изјави во тоа дали по трет пат ќе се бори за претседател. Па така вчера рече дека “во моментов поголеми биле шансите повторно да се кандидра за претседател отколку да не се кандидира“.

Легитимна изјава доколку не се памети изјавата на крајот на ноември дека не планира да се кандидира за претседател.Човек да не знае на која изјава да верува?

Во далечниот мај оваа година Пендаровски повторно беше на мисла да не се кандидира за претседател иако се храбреше дека не се плаши од Оливер Спасовски. Токму името на Оливер Спасовски е клучно дали Пендарвоски ќе го кандидараат за нов мандат. Да, дали ќе го кандидираат-тој е клучниот збор бидејќи тој и онака не се прашува за ништо.

Одлуката дали ќе го кандидираат ќе биде донесена во Мала Речица а ќе биде потврдена на „Бихаќка“. Доколку пресметките покажат дека Спасовски како заеднички кандидат на ДУИ и СДСМ дека е блиску до кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Пендаровски нема ни да го прашаат бидејќи неговиоот личен рејтинг и онака е на ниво на статистичка грешка.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.