Градоначалникот на скопската општина Карпош, лидерот на партијата ГРОМ – Стевчо Јакимовски вели дека размислува да се кандидира за претседател на Македонија.

Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство, рече Јакимовски на тв24.

Тој не е сигурен дали ќе има промена на изборниот модел, цензусот, финансирање и собирањето на потписи, но вели дека досега не разговарал со политички фактори, ама од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.

Јас се залагам за претседателски систем. Мислам дека претседателот треба да има повеќе и поголеми ингеренции, вели Јакимовски и додава дека факт е дека Владата слабо се снајде во времето на ковид-кризата.

Во однос на парламентарните избори, тој вели дека ГРОМ ќе има листи во сите 6 изборни единици.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.