Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Собранието на Република Македонија изведе перформанс каде ги осуди на 101 година затвор Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ за тоа што ја доведоа државата во потчинета состојба.

Во име на граѓаните на Република Македонија судот на народот ги осудува на 101 година затвор за лицата Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ заради злоупотреба на својата позиција со цел доведување на Република Македонија во потчинета положба. Овие лица преку своите дејствија трајно ги нарушуваат преговарачките позиции на државата и работеле спротивно на државните и националните интереси, прекршувајќи ги Уставот и законите во Македонија, рече Јана Марија Стефановска.

Таа во текот на своја изјава посочи дека овие лица сето ова кое го прават води до целосна асимилација и бугаризација на Македонија и на тој начин ја понижуваат целата држава.

Овие лица, со цел да постигнат личен интерес, со умисла и свесно превзеле чекори кои водат до загрозување на македонскиот јазичен идентитет, менување на историските факти за лица и настани во корист на Бугарија, со крајна цел за да се спроведе асимилација и бугаризација на Македонија. Во исто време горенаведените лица, спротивно на волјата на народот кој достоинствено и масовно кажува не на ваквото велепредавство, спроведувале преговори за идентитетски прашања и на тој начин ги понижиле Република Македонија и народот, кажа Стефановска.

На крај таа го порача следново:

Судот на народот ги прогласува за виновни и ги осудува за велепредавство. Лицето Димитар Ковачевски го осудува на 101 година за велепредавство, лицето Бујар Османи на 101 година за велепредавство, лицето Бојан Маричиќ на 101 година за велепредавство. И не само за велепредавство, туку и за криминалот кој што го направија. Овие лица имаат право на жалба, ама немаат право на прошка од страна на народот за распродажбата на националните и државните интереси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.