Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.
Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.
Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.
Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: globalsos@mfa.gov.mk ; како и информациите на нашиот веб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.