Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, на која беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Црна Гора.
-Притоа беше оценето дека тие се традиционално партнерски и пријателски, без отворени прашања.
На средбата беше истакнато дека двете држави, како сојузници во НАТО споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка. Исто така, двете држави споделуваат идентична надворешно-политичка цел – членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Пендаровски.
Претседателот Пендаровски и премиерот Кривокапиќ, се додава во соопштението, разменија мислења за случувањата и состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.