Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел остварил средба со европратеникот Илхан Ќучук, за кого вели дека е вистински лобист и застапник за земјава во Европскиот парламент.

Секогаш е задоволство да се сретнам со силниот поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, но и вистински лобист и застапник на европското досие на Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Во една убава атмосфера, поразговаравме за периодот пред нас, период кога очекувам и најмногу поддршка од нашите пријатели во Брисел – информира Османи на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.