Градењето училишта како хармонични средини кадешто се поттикнува меѓусебната доверба меѓу учениците од различни етнички заедници, е залог за создавање општество кое ја цени различноста и инклузивноста. Со иницијативи и активности кои поттикнуваат атмосфера на почит и разбирање, можеме да им помогнеме на учениците да развијат чувство на емпатија и соработка што ги надминува ограничувањата и придонесува за развој на општеството како функционална целина, се согласија на средба министерката за образование и наука Весна Јаневска и нејзиниот соговорник, шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килиан Вал.

Заедничките наставни и воннаставни активности на учениците од различно етничко потекло овозможуваат учениците слободно да ги изразуваат мислењата, да ги согледуваат различните перспективи и ја зголемуваат толеранцијата. При тоа, наставниците го моделираат инклузивното однесување и ја поттикнуваат соработката, што води кон градење доверба меѓу учениците, наведуваat od МОН во соопштение.

Министерката Јаневска се заблагодарила на амбасадорот Вал за континуираната логистичка и финансиска помош во борбата против етничките стереотипи и предрасуди, преку развивање чувство на заедништво и припадност, што придонесува за градење капацитети за социјален мир, безбедност и напредок на заедницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.