Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во земјава, Вероник Улман Марти.
На средбата, премиерот и амбасадорката ги потврдија заложбите на двете земји за соработка, меѓусебно почитување и пријателство меѓу двете држави и изразија задоволство од 30 годишниот јубилеј на дипломатските односи кој се одбележува токму оваа година.
Во изминатите 30 години, воспоставивме и развивме одлична соработка на сите нивоа – Влада, Собрание и граѓани, а нашата бројна заедница која живее во Швајцарија, е силен мост на поврзување меѓу двете земји”, истакна премиерот Џафери.
Понатака, тој истакна дека Македонија високо ја цени подготвеноста на Швајцарската Конфедерација за развојот на Република Македонија, преточена во Стратегијата за поддршка. Како најголем билатерален донатор на нашата земја од осамостојувањето до денес, поддршката и развојната помош на Швајцарија за Македонија го помага не само демократскиот развој на земјата, туку е и комплементарна со европската интеграција.
Амбасадорката Улман, му го честиташе изборот на премиерот Џафери истакнувајќи дека Македонија уште еднаш покажа дека е успешен пример за функционална мултиетничка демократија и дека поставува стандарди кои треба да ги следат и други земји во регионот и светот.
Поздравувајќи го јубилејот од 30 години дипломатски односи, Улман изрази задоволство што двете земји постигнаа многу резултати во тој период и можат да бидат горди на успесите.
На средбата се разговараше за актуелни прашања од внатрешно-политичките состојби во Македонија и одржувањето на претстојните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.