Во реакција насловена „Вистината за платата во МВР“, од Синдикатот на полицијата во Македонија се обраќаат до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и до претседателот на Македонскиот синдикат на полицијата д-р Марјан Кицев.
Ви го пренесуваме соопштението во целост:
Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во Република Македонија на 18.000 денари. Добро е да има покачување. Иако тоа ќе има големи последици (не оправдуваме зголемување на плати во приватен сектор со субвенции од Државата), приватниот сектор има една добра придобивка со оваа одлука.
Но, се поставува прашањето кое сите нас во полиција не интересира- КОЈА Е ПРИДОБИВКАТА ОД ОВА ПОКАЧУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР???
Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен“ МПС толку помпезно го најави ова покачување ( за второто барање за К15 во друга прилика ), ние како синдикат јавно побаравме да објават износ на ОСНОВНА ПЛАТА за да се знае дали и колку ќе имаме ние како Полиција придобивка од тоа. Но одговор не добивме до денес. Од таа причина објавуваме наше гледање на тоа колку и како ќе делува ова покачување врз платата на полицаец, на инспекторот, на вработениот во МВР. НО, за сето тоа да има разумност и да биде разбрано, најнапред да се запознаеме со неколку поими кои се од клучно значење во овој случај, поими со кои “единствените” оние од МПС очигледно манипулираат, а МВР се крие зад цела таа манипулација и “ужива” во збунетоста и кавгите помеѓу нас вработените, колегите.
За да дојдеме до суштината на овој проблем, најпрво да дознаеме што е основата.А тоа е поимот ПЛАТА. Бидејќи во Законот за работни односи, дефиницијата за плата не постои, како репер цитираме енциклопедиско значење на поимот плата од аспект на економија:
„Плата претставува надомест кој работодавачот (МВР во овој случај) му го исплаќа на работникот за извршената работа, труд или услуга. Во Економската наука, платата претставува ЦЕНА на трудот, работната сила, како производен фактор.”
Поедноставено, плата е паричен надоместок само за работа и труд на работникот (полицаецот во овој случај ), без апсолутно никакви додатоци ( храна, пат, овластување, ноќни, викенди, прекувремена работа итн.).
Врз основа на чл.107 од Законот за работни односи за Минимална плата, “ ПЛАТАТА на работник за работа со полно работно време ( тоа сме ние ) НЕ МОЖЕ да биде пониска од минималната плата утврдена според закон и колективен договор.” Бидејќи во овој закон и КД на МВР не е предвидена било каква сума, Платата (но не основната плата ) треба да изнесува најмалку 18.000 денари. Сдогласно член 140 од Законот за внатрешни работи : (1) Работникот има право на плата и надоместок на плата, согласно закон, Колективен договор на Министерството и договор за вработување и (2) Плаќањата од ставот (1) на овој член се остваруваат согласно овој закон, Законот за полиција, Колективниот договор на Министерството и прописите од областа на работните односи.
Но дали е тоа така во МВР, ќе дознаеме подолу.
Тука доаѓаме до еден спорен поим во последно време, Основна плата. Значи, не само во поим туку и како парични суми и намена, ПЛАТА, ОСНОВНА ПЛАТА И ОСНОВНА КОМПОНЕНТА НА ПЛАТА СЕ РАЗЛИКУВААТ ЕДНО ОД ДРУГО!!!
Основна плата во поим е одредена во чл.156 и чл.157 од Колективниот договор на МВР, КАКО ДЕЛ ОД ОСНОВНАТА компонента на плата. На 01.01.2009 година со воведувањето на концептот „БРУТО ПЛАТА“, на Основната плата се додадени (дали е тоа така не тврдиме во целост) и паричните износи наменети за храна и патарина. ССМ во тој период поднесе барање до Владата да го дефинира точно тој износ и за сметка на тоа утврден е износ од 3200 денари за храна и патарина (иако по тогаш постоечките закони износот требало да биде помеѓу 4200 и 5400 денари). Што значи дека на Основната плата во МВР, во тоа време се додадени 3200 денари за храна и патарина (НАВОДНО). Ова понатаму ќе придонесе за пресметување на платата на работник во МВР.
Поимот „Нето плата“ е познат на сите нас (тоа е онаа сума на плата која полицаец ја имаше во Листата за плата и точно знаеше колку пари му се исплатени) и во поим значи оние парични средства кои работникот ги става во џеб, откако ќе бидат платени сите придонеси и осигурувања од страна на работодавачот – МВР.
Доаѓаме до поимот „ОСНОВНА КОМПОНЕНТА НА ПЛАТА“. Врз основа на Колективниот договор на МВР- „Основната компонента на плата се состои од: 1. Основна плата 2. Зголемување на износот на плата за 20 и за 30% 3. Додаток за кариера.
Ова ви е веќе познато на сите, а тоа е дека на Основната плата се додава 20 односно 30% за овластување и додаток за кариера, доколку постои (досега не е познато дека ваков додаток се исплаќа односно истиот овој додаток постојано се одложува за негова примена).
Но, во овој дел на КД на МВР во чл.157 е разликата во пресметувањето на платата на полицаец, односно: “Образованието и сложеноста на работите на работното место се вреднуваат со бодови”. Понатаму во истиот член стои дека “ Вредноста на бодот се утврдува со решение на министерот, со претходно мислење на МПС” – (Иако тоа би требало да биде пресметано врз основа на закон и разни пресметки на пазарот на трудот, сложеноста на работните задачи и да се земе предвид коефициентот на сложеност кој во моментот важи само за приватниот сектор), и најважната одредба бо Колективниот договор: “ВРЕДНОСТА НА БОДОТ СЕ КОРЕГИРА ОДНОСНО УСОГЛАСУВА ДОКОЛКУ СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, МЕСЕЧНИОТ ПОРАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ИЗНЕСУВА НАД 5% ВО ПОСЛЕДНИТЕ 3 МЕСЕЦИ, ДОКОЛКУ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ВО БУЏЕТОТ НА ДРЖАВАТА.”
Ова значи дека и покрај сите објаснувања, покрај сите законски одредби, МПС – Македонскиот Полициски Синдикат и Министерот за внатрешни работи си потпишале право со кое ТИЕ ЛИЧНО ја одредуваат висината на бодот, а со тоа и висината на основната плата, а за сметка на тоа да се „правдаат“ дека не е до нив бидејќи покачувањето на вредноста на бодот треба да биде предвидено со законот за извршување на буџет – народски речено „Ни лук јал,Ни лук мирисал“. НО да не се залажуваме со тоа бидејќи, како што веќе го цитиравме Законот за работни односи- ПЛАТАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОМАЛА ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОДРЕДЕНА СО ЗАКОН!
Покрај се досега објаснето, да направиме еден пресек, пресметка на плата на полицаец, вработен во МВР. За да се дојде до ПЛАТАТА на полицаец, процесот на пресметка мора да го почнеме од назад, со одземање.
Како репер ќе ја земеме Основна компонента на плата на платата на полициски службеник – Помлад полицаец од 22.770 денари, за решение со 510 бода и претпоставен работен стаж од 5 години ( кој е потребен за да се пресмета и зголемувањето на Основната плата за процентот за стаж од листите за плата), претпоставени 30% за овластување.
Најнапред од сумата 22.770 денари го одземаме додатокот за овластување од 30% и доаѓаме до сума од 15.939 денари.
Потоа, од сумата 17.500 денари, го одземаме процентот за претпоставен стаж од 5 години ( 2,5% ) кој изнесува дури 398 денари и доаѓаме до сума од 15.541 денари. Оваа конкретна пресметка ја темелиме на фактот што не може да се пресметува процент за минат труд на сумата со додадени 30% за овластување кои се сметаат за Зголемување на средствата за плата ( веќе објаснивме што е плата).
Иако веќе добиената сума од 15.541 денари (која се смета за Основна плата, како дел од Основната компонента на плата врз основа на КД) повеќе од јасно покажува дека Основната плата на полицаец била скоро иста и од претходната Минимална плата од 15.000 денари, а далеку помала од веќе со Закон утврдената минимална плата од 18.000 денари, должност ни е да продолжиме со пресметката.
Сега од добиената сума од 15.541 денари ја одземаме сумата од 3200 денари (како што веќе споменавме, во 2009 година со Бруто плата, тоа е износот кој „НАВОДНО“ се додаде на плата на работник за храна и патарина) и доаѓаме до износ од 12.341 денари ⁉️⁉️⁉️⁉️
Можеби некоја коинциденција, но тоа е сумата на плата која полицаецот ја примаше и во 1998 година, кога врз основа на ПРВИОТ Колективен договор, е добиено покачување на платата од претходните 9800 денари ?!?!?!
Крајниот резултат на оваа „лаичка“ (но најверојатно вистинска) анализа е дека, работата и трудот на еден полицаец во МВР е вреднувана со “ЦЕЛИ” 12.341 денари❓⁉️
Следствено на досегашното објаснување и анализа од наша страна, повторно сме приморани да поставиме прашања до Министерот и Претседателот на самопрогласениот „единствен“ МПС:
1. Дали платата во МВР ќе биде покачена врз основа на Минималната плата?
2. На кој начин ќе биде покачена платата?
3. Врз онова на кој дел од платата ( Плата, Основна плата или вредност на бод) ќе се пресметува покачување на платата, сега и во иднина?
4. Зар не се срамите лично кога ги прикажуваме овие запрепастувачки тврдења?
5. Дали Вие двајца сметате дека после сето ова ќе имате ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА а со тоа и безбедни граѓани?
Мораме да напоменеме дека пресметките се засновани на математичка основа и дека постои можност да не се потполно точни, бидејќи пазарот на трудот и Економската наука можеби предвидуваат друг начин на пресметка, но и во таков случај, апсолутно сме сигурни дека ќе се добие разлика од +500 или -500 денари.
Она што за нас како Синдикат е важно е тоа да вработените во МВР знаат на кој начин и со какви манипулации се служат „ДОТИЧНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЛИЧНОСТИ“, за сметка на тоа буквално уживаат привилегии и тоа Финансиски, врз грбот на полицаецот. Заради послушноста и полтронството им се дозволуваат злоупотреби преку КД и интерни акти засновани на Статут. Како многу ценети работници (со Плата од 12.341 денари) „одвојуваме“ месечна членарина од просечно 300 денари за еден, 150 денари за друг ( околу 0,8 % од Плата месечно) и за тоа добиваме лаги, манипулации, притисоци да молчиме, закани и како тоа да е малку не прават будали и недоветни со нивните изјави за некакви активности, унапредување преку дијалог, опремување и други слични “ тракатанци”.
Во ова информатичко време и општество не можете повеќе така лесно да манипулирате со работникот. ДОСТА Е!!! Време е РАБОТНИКОТ да се освести. А Вие време е да ја извадите главата од парите во кои буквално „се давите“ и не знаете „што“ да им правите.
Ако веќе нас, како Синдикат на Полиција во Македонија-СПМ, ВИЕ ДВАЈЦА не ни дозволувате ни основна членарина, не одговарате на нашите обиди за преговори и социјален дијалог и не сте не удостоиле нити со одбивање на нашите покани за средба (кои веќе се направија преку 50 ) , бараме од вас барем една самоиницијатива во поглед на решавање на овој веќе огромен проблем. Повеќе од очигледно е дека полицаецот го донесовте во загрозена категорија дури и под социјално загрозените со Вашата незаинтересираност (тоа што прекршувате закони и законски акти ќе го изоставиме овој пат).
А да не заборавиме……
1️⃣ КОГА ЌЕ ГИ ДОБИЕМЕ ВЕТЕНИТЕ МИЗЕРНИ 5% НА ПЛАТА?
2️⃣ ШТО СЕ СЛУЧИ СО БАРАЊЕТО ЗА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР?- Испари?(иако постои🙃®️)
(Ах бе Докторе, провиден и активен си како медуза, не дај Боже да те извадат на суво, безрбетниците не преживуваат без “вода”)!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.