Социјалистичката партија на Македонија апелира до македонскиот народ и сите македонски граѓани на достоинствено чествување на Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба.
Напоменуваме на потребата за смиреност и неподлегнување на можни провокации од недробронамерни лица, при тоа покажувајќи ја сплотеноста во градење на нашето единство.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонската историја и македонските историски великани се само наши и ничии други, затоа е потребно да им оддадеме должно почитување какво што заслужуваат.
Македонската историја е единствена и голема, таа задира длабоко во нашето минатото и е проткаена со бројни подеми и успеси, врежани во колективната меморија на македонскиот народ, оттаму ние сме обврзани да ја почтуваме, чуваме и негуваме, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.