Целта на ваквите терористички закани да предизвикаат дестабилизација и несигурност во институциите, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во емисијата „24 анализа“ ги анализираше дојавите за лажни бомби кои со недели ја прекинуваат наставата во скопските средни училишта и кои внесуваат голем немир и страв меѓу професорите, учениците и родителите.
Спасовски открива дека знаат од кои земји доаѓаат мејловите и дека „детално ги утврдуваат фактите“. Се прашува и „Зошто во Скопје, зошто прво во ЈСП, па во средните училишта?“, и ветува дека „многу брзо“ ќе заврши истрагата.
Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме.Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки. Заканата се појавува среда, четврток и петок и во една смена на училишта. Тоа се дел од работите кои се анализаираат. истагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите. Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам, вели Спасовски.
Министерот нè смирува дека „ваквите напади не се изолиран случај само во Cеверна Македонија, туку вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ“.
Спасовски додаде дека штом се утврдат сите факти и сите податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе се излезе со информации во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.