Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го повтори својот став дека со законскиот текст за амнестија нема да се постигнат ефекти.

-Јас искажав мој став и кажав дека тоа е мој став. Цврсто стојам на тој став дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти и дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови за да може тие оние кои се на издржување казни, да ги издржуваат казните, а не преку амнестии да ослободуваме простор во казнено-поправни установи, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Факултетот за безбедност во Идризово.

Прашан каков е ставот на владејачката партија по однос на ова законско решение, кажа дека  политичките ставови за ова законско решение „ќе ги артикулираат пратениците во Собранието“.

Спасовски во саботата кажа дека е непотребно носење на законот за амнестија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите. Според него, амнестираните, многу често по излегувањето од затвор, ги повторуваат делата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.