Напад на полициски службеник значи напад врз државата, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Не сакам да коментирам судски одлуки, но мора да има построги казни за напади на полиција и користење оружје, смета министерот.
Тој оваа поента од синоќешното интервју на ТВ Канал 5 во емисијата Жешко лето вечерва ја објавува и на својот профил на Фејсбук.
Убаво е тоа што министерот ја брани полицијата, но ќе беше демократ и поентата ќе му беше комплетна ако кажеше дека построги казни треба и за полициските службеници кои ги пречекоруваат своите овластувања кон граѓаните. Таква слики и снимки имаше и од интервенциите на полицијата во неодамнешните протести во Скопје против францускиот предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.