Денеска првпат во Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со шефот на кабинет, Митко Бојмацалиев, предновогодишно поделија пакетчиња во присуство на Дедо Мраз и се дружеа со децата на припадниците и припадничките на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во касарната Илинден и со децата на припадниците на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”.

Раководството на МВР со децата сподели најубави желби за Новата година и разговараа за тоа колку е важна професијата на нивните родители во служба на граѓаните и за заедницата. Притоа, Спасовски и Бојмацалиев изразија благодарност и почит кон храбрите припадници и припаднички на специјалните сили, кои секојдневно неуморно работат за да ги зачуваат мирот и нашата безбедност.

Децата се нашата иднина и нашата најголема радост. Посакувам здравје, среќа и многу успеси на нивните родители кои се суштински столб на полициското работење. Нека овој новогодишен настан биде симбол на нашата заедничка надеж и ангажман за подобро утре. Заедно, солидарни и со меѓусебна поддршка, можеме да градиме подобро општество и посветла иднина за сите”, рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.