Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со најавеното можно решение за употреба на налепници на регистарските таблици, наместо да се издаваат нови како обврска од Преспанскиот договор, истакна дека тоа решение е во напредна фаза, но на крајот ќе се разговара на седница на Влада за конечното решение.
Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент, рече министерот Спасовски во утринската програма на MТВ..
Тој посочи дека има три категории на возила, на граѓани кои поседуваат такви возила.
Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со четири бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети, истакна Спасовски.
Министерот Спасовски нагласи дека најважно за МВР е да се донесе најдоброто решение.
За нас е важно да го донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опционална можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање преку измени во упатства да имаме поповолно решение за секој од нас, рече министерот Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.