Синдикатот на полицијата во Македонија реагира до соопштението на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека февруарската плата е повисока за 1.008 вработени во министерството.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Почитувани членови на СПМ, почитувани колеги и колешки…

Владата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА секој почеток на година, го вреднува бодот на сите јавни и административни службеници одделно, по министерства и по јавни претпријатија, за што носи посебни одлуки. Сепак, тоа не е пракса и случај со МВР.Да за платата Ваша и наша одлучува Министерот и неговиот партнер МПС. Да и тоа со ФАКТИ!

Но да одиме по ред и повторно да се потседите за тоа колку изнесува ПЛАТАТА НА ПОЛИЦИСКИОТ СЛУЖБЕНИК?

Сепак, согласно пресметките кои се направени од неколку експерти од областа на финансиите и сметководството, е даден еден чуден, а за нас дури ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ одговор, кога беше поставено прашањето околу вредноста на бодот во МВР на овластените службени лица. Иако и претходно Ви го дадовме одговорот на ова прашање, сепак повторно ќе Ви го дадеме а се со цел осознавањето на неправдата која му се прави на работникот во Полицијата!
Просто и едноставно, бодот на вработените ОСЛ во МВР изнесува ПОД 30 ДЕНАРИ!

Е сега, за да ни поверувате и да се уверите дека тоа што ни е кажано од експертите, ќе Ви ја објасниме методологијата на пресметка на плата:

1. За точно да го пресметате Вашиот бод, треба да ги елиминирате сите додатоци на плата (прекувреме, ноќен труд, работа во празник и сменска работа), најдобро за ова би било кога ќе си ја земете платата која Ви е исплатена во текот на некој месец, кога немате остварено вакви додатоци.
2. Од вака добиениот износ, најпрвин одземате процентот од минат труд (за секоја година пензиски – бенефициран стаж = 0.5%) истиот е напишан во горниот дел од листот,
3. Откако ќе ја добиете сумата, од истата одземате 30% бенефиции или 20% бенефиции,
4. Откако ќе ја добиете и оваа сума, ја делите со бројот на бодови кои ги имате (во зависност од работното место),
5. Добиената сума е всушност вредноста на Вашиот бод.

Пример: Ако еден инспектор во МВР има плата од 27.000 денари (без додатоци) и работен стаж од 8 години, пресметката би одела вака:

1. 27000-4%(1080)=25920 денари,
2. 25920-30%(7776)=18144 денари,
3. 18144/660(бодови)=27.49 денари
Имајте предвид дека ова е само симулација и податоците не се вистински (но многу блиску до вистината).

Е сега, тука ќе Ви соопштиме колку чини бодот кај некои јавни и административни службеници во некои министерства, институции, јавни претпријатија итн….

 Вредноста на бодот на вработените во Агенција за вработување изнесува 81.6 денари (службен весник број 41/2022),
 Вредноста на бодот на јавнообвинителските службеници изнесува, исто така 81.6 денари (службен весник број 30/2022),
 Вредноста на бодот на државните службеници изнесува, исто така 81.6 денари (службен весник број 293/2021).

Дали е потребно уште да набројуваме???? Проценете сами. Ако за овој податок, исто така, не Ви се верува, отворете интеренет пребарувач и внесете термин “вредност на бод“ и ќе добиете одговор.

Е сега, го поставуваме прашањето до Министерот Оливер Спасовски, до премиерот г-дин Ковачевски и до 120-мината пратеници, па и до Вас почитувани членови на СПМ и почитувани колеги – вработени во МВР, КОЛКАВА БИ БИЛА НАШАТА ПЛАТА, АКО ВРЕДНОСТА НА БОДОТ ВО МВР ИЗНЕСУВА 81.6 ДЕНАРИ?????? Колку вреди полицискиот живот, кариера и семејството на полициските службеници?

Чисто да знаете, ние не спаѓаме во категоријата – државни или јавни службеници, нашите права, меѓу кои спаѓа и правото на плата се предвидени во Законот за внатрешни работи и во фамозниот и штетен КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР потпишан од МПС и одобрен и потпишан од единствениот наш најдобар ЕВЕР МИНИСТЕР. Да така е предвидено во член 157 став 5 од „европскиот“ и НАЈШТЕТЕН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА МВР.

Веруваме дека знаете множење, па слободно помножете 81 денар со 660 бода и ќе добиете една, веруваме, доста реална сума од над 50.000 денари за инспектор, сума од над 43.000 денари за полицаец, сума од над 60.000 денари за командир итн…… Тоа е сума без минат труд, без 30% и без додатоци за плата.
Поздрав до сите и се надеваме дека до 15-ти Март оваа година, преку социјалниот дијалог, ќе ги решиме овие ГОРЧЛИВИ проблеми и ќе го спречиме исселувањето на полициските кадри во странство.

Од таа причина јавно го предупредуваме Министерот Спасовски по примерот на Француската кралица Марија Антоанета да престане секојдневно да „ни нуди“ колачи кога полициските службеници се доведени до работ да немаат леб за јадење.

Воедно Ве замолуваме без негативни коментари за вработените од другите свери затоа што они веќе се избориле за вредноста на нивните бодиви за што им честитаме. Дали и ние ќе го постигнеме тоа зависи од нас самите, од нашата заедничка борба сите заедно, сите сплотени во остварувањето на достоинствена плата за достоинствен живот.

Време е да започнеме правилни одлуки како и на кој начин ќе дојдеме до подобар стандард.ВРЕМЕ Е ! Доста е , ПРЕТЕРАВТЕ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.