Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во МВР имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, придружувана од економскиот советник, Рајан Милер.

Како што се наведува во соопштението од МВР, Спасовски изразил благодарност кон амбасадорката Агелер за поддршката што Владата на САД години наназад и ја дава на Македонија, конкретно на МВР во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

Како стратешки цели на кои МВР било целосно фокусирано изминатиов период, Спасовски ги посочи: борбата против организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот.

Најголем дел од поставените цели на ниво на МВР успешно и на високо професионално ниво беа реализирани со постигнати одлични резултати, за што добивме признание и честитки и од високите претставници на администрацијата во САД со кои неодамна министерот Спасовски оствари работни средби во Вашингтон, се наведува во соопштението на МВР.

Амбасадорката на САД, Агелер му се заблагодарила на Спасовски за средбата, како и за континуираната одлична соработка на Македонија со САД во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.