Универзитетскиот професор Александар Спасеноски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Македонија има искуство со различни видови на изборни системи.

Во 1990 и во 1994 година имавме искуство со мнозински систем, тој си имаше предности и слабости. Во 1998 имавме искуство со комбинираниот изборен модел во кој што 85 пратеници беа избирани според мнозинските листи, а 35 според единствена пропорционална листа. Во 2002 година навака до денес практично имаме еден изборен модел – тоа е овој регионално пропорционален изборен модел – вели Спасеноски.

Според него, целта на изборниот модел е да овозможи адекватна рефлексија на стратификацијата во општеството.

Во продолжение целата изјава:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.