Денеска, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, остварив работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.
Изразив голема благодарност за досегашната соработка, посебно во техничката влада и увереност дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина со несмален интензитет. Хрватска е еден од нашите најголеми европски пријатели и верувам дека ќе продолжи да не поддржува согласно нашите заложби за реформи кои ќе не доближат до стандардите на ЕУ. Верувам дека во најбрз можен рок ќе оствариме и една билатерална средба со хрватскиот министер за внатрешни работи, која ќе биде потврда за посветеноста кон унапредување на соработката на сите полиња.
Директорот Јанев исто така ја потврди одличната соработка на двете полиции во минатото, која очекуваме дополнително да се интензивира, посебно во делот на размена на информации со цел сузбивање на транснационалниот криминал, како на билатерално ниво, така и во меѓународните безбедносни институции.
Амбасадорката Тигањ ја оцени досегашната соработка како одлична и рече дека Република Хрватска е најголем поддржувач на нашите евроинтегративни процеси. Посебна благодарност амбасадорката изрази за проектот преку кој наши полициски службеници секое лето одат во Хрватска како поддршка на зголемениот ангажман на хрватската полиција во текот на туристичката сезона, напиша на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.