Сопственикот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, кој по професија е криминолог, фрла поинаква сенка на сличајот кој деновиве ја потресува јавноста, двократното убиство, во кое првоосомничен е Љупчо Палевски Палчо.

Ќе си дозволам како магистер по криминологија да кажам мое мислење врз основа на ова што го слушнав од нашите официјални лица:

1. Ова убиството нема форми на „користољубие“

2. Не постои конкретно дејство на уцена и изнуда.

3. Девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано.

4. Причината за тоа може да биде, дека таа нешто знаела, била сведок на нешто што можело да упропасти нечија кариера бизнис или живот, можеби сакала да обзнани нешто, можеби била злоупотребена од некоја битна (моќна) фаца или сл.

5. Телото мора да биде на детална и професионална обдукција под независен и сигурен надзор од повеќе лица за да не се остави простор дека ќе се прикрие нешто што може да даде вистински показатели за причините за убиството.

6. Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината.

7. Не е ништо толку едноставно, ниту лесно и наивно, да се убиваат луѓе , а извршителот првото убиство многу повеќе денови, а второво (малолетно девојче) три дена откога е егзекутирана, убиецот да функционира нормално и мува да не го лази. Тој се чувствувал многу сигурен и доволно безбеден и си функционира како и секој друг ден, а таков може да биде само и само ако нарачателот или оној за кого работи е многу моќен за да му ја обезбеди таа комоција.

8. Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ.

9. Да вмешаш толку сведоци (непрофесионалци) кои брзо ќе “пропеат” и да оставиш толку видливи траги (пред камери и сл.) мора да си сигурен дека тоа никој нема да го гледа.

10. Треба да се бара нарачателот, тој е најбитниот во овој случај, актерите се повеќе или помалку ете сите тука.

Има уште многу прашања , има уште многу за докажување и ова не смее да заврши само на исказите на двајца учесници кој очигледно се најмени и не биле и сеуште не се ни свесни самите во што се сплеткани и за што точно ќе бидат употребени.

Јас кажав!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.