До Собранието на Република Македонија е доставена предлог преговарачката рамка, материјалот ќе биде доставен до пратениците, а седница за оваа точка не е закажана за вечерва, информираат од собраниската прес-служба.

Исто така предлог преговарачката рамка попладнево објавена е и на официјалната интернет страница на Собранието, но она што е интересно е тоа што, истата рамка е објавена на само еден лист хартија.

Истата можете да ја погледнете на следниот линк

Претходно од Собранието информираа дека предлог преговарачката рамка од Владата пристигнала во Собранието.

-Ве информираме дека од Владата до Собранието е доставена „Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на Република Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година, стои во соопштението.

Согласно со процедурите, посочува собраниската прес-служба, материјалот ќе се достави до пратениците и за натамошно постапување соодветно и наврмено ќе биде објавена информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.