Ништо од законот за игри на среќа. Пропадна обидот на мнозинството во Собранието да го заобиколи суспензивното вето на Претседателот Пендаровски. На денешната седница на повтореното гласање за законот гласаа само 51 пратеник, десетмина помалку од минимумот за апсолутно мнозинство.
За да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон – се вели во појаснувањето од кабинетот на собранискиот Претседател.
Во ДУИ, кои што на мускули го буткаа овој закон денеска не криеја дека се разочарани. Уште еднаш потенцираа дека со ветото Пендаровски кај нив си пишал голем грев. Одбија да одговорат дали тоа ќе го чини и поддршката на ДУИ во вториот круг.
Во СДСМ од каде што повеќе од третина од пратеничката група не даде поддршка на законот, причините ги лоцираат во сопствениот како што велат, развиен демократски капацитет
Обложувалниците задоволни.
Во името на 10 илјади вработени во секторот игри на среќа и нивните семејства оддаваме признание на сите пратеници кои не гласаа за скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа после одлуката на Претседателот на Републиката да не го потпише указот за нивното стапување во сила, велат од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.