Отчет од директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски за тоа како контроверзниот украински политичар Онишченко добил позитивна безбедносна оценка за македонски пасош бара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Отчетот се бара преку собраниската Комисија за надзор на безбедносните служби свикана за среда.

Од владејачкото мнозинство пак, засега без коментар дали ќе го обезбедат кворумот на оваа Комисија со која претседава опозицијата за таа вопшто и да се случи.

Поради скандалот со Украинецот, викендов опозицијата побара и повлекување на Димовски како предлог на МНР за амабсадор за Франција. По објавените информации за Укринецот, премиерот Ковачевски најави ревизија на случајот.

Онишченко го доби македонскиот пасош од Владата врз основа на барање на Федерацијата за коњачки спортови од каде оцениле тој може да придонесе за развој на овој спорт. Дури 4 државни институции, меѓу кои и АНБ дале позитивно мислење за него и покрај тоа што тој од лани е на црната листа на САД, но има информации дека е распишана и меѓународна потерница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.