Додека, Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, од петни жили се труди да ги убеди сите дека иако е од исто село, нема лични контакти со Али Ахмети и со никој друг од ДУИ, секојдневно излегуваат нови докази кои покажуваат дека и тоа како е поврзан со сите видни луѓе од партијата.

Фотографиите говорат повеќе од зборовите. На последната обвинителот Абази е во друштво на Али Ахмети, Субхи Јакупи, Блерим Беџети, Талат Џафери.

Новиот обвинител за гонење на организиран криминал бадијала се обидуваше да го релативизира фактот што доаѓа од исто село како првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Двајцата се од Зајас, но според Абази немале лични контакти.

Дружењето со тие лица не е забрането. Тоа е непристојно во смисла ако има непристојно дружење. Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам – вели новоизбраниот шеф на ОЈОГОКК, Ислам Абази.

Но, каменот доаѓа од блиску, па така токму медиумите на албански јазик побрзаа да го демантираат Абази.Тој не само што што се знае со првите луѓе на ДУИ туку има и близок контакт.

Па така почнаа да се редат фотографии на обвинителот со Невзат Бејта, па на лов со Дилавер Бектеши кој му е колега обвинител од Кичево близок до ДУИ, па тоа на некоја семејна средба со братот на Али Ахмети.

Дискутабилно е како Абази би гонел криминал во редовите на ДУИ кога е повеќе од јасно дека не се познаници туку пријатели.

Затоа министерот за правда Тупанчевски не треба да релативизира дека „времето ќе покажело дали обвинувањата за поврзаност на Абази со ДУИ имаат основа.“.

Во целиот циркус со изборот на новиот обвинител можеби најискрен е претседателот на Собранието Џафери кој барем си призна дека е некоректно да каже дека не го познава Абази во оваа мала држава.

Инаку Абази се пофали дека правел анализи за кривични предмети за сериозен криминал и корупција, но кога беше прашан каква му е анализата зошто за 20 години владеење на ДУИ ниту еден функционер на партијата не бил кривично гонет, вели не го анализирал тоа. Абази е соселанец на лидерот на Интегративците, но тврди дека можеби се сретнал некогаш со него, но нема блиски врски со него.

Абази вели лидерот на ДУИ можеби го сретнал, ама затоа дружбата во домашна атмосфера со неговиот брат Фекри Ахмети ја овековечил.

Телевизија Алфа објави фотографија од која јасно се гледа дека Абази е во блиска корелација со Фекри Ахмети, насмеани и опуштени седат на гаранитура очигледно во неговиот или домот на фамилијата Ахмети. Ама ете, човекот не знае дека Али Ахмети му е брат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.