Со Ковачевски народот плаќа 50% поскапа струја, а фирмите и до 400% повеќе во однос на лани, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Ковачевски е премиер цената на струјата за домаќинствата се зголеми и за речиси 50%, нашите сограѓани кои лани плаќале во просек 3.000 денари за струја месечно сега плаќаат минимум 4.500 денари. Загрозени покрај граѓаните се и бизнисите. Цената на струјата за фирмите со Ковачевски на власт е зголемена и за 400%. Со антимакедонската СДС и народот и фирмите се донесени на раб на опстанок. Потребни се итни мерки кои ќе значат помош за домаќинствата и фирмите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со антимакедонската СДС тоа се покажа како невозможно, затоа решение се предвремени парламентарни избори час поскоро, додаваат оттаму.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.