Ковачевски и Груби со 300 милиони за аванси и пенали кон Бехтел можеа да направат 300 градинки низ цела држава, споредув ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку владата работеше за народот, парите кои треба да ги платат за аванси и пенали кон Бехтел за Коридор 8, кој уште не е ниту почнат, може да направи нова градинка во скоро секое поголемо населено место во Македонија.
Груби се вади на други примери каде изведувачот Бехтел градел, но не кажува дека истиот таму гради врз основа на јавен повик.
За Коридор 8 нема ниту проект, ниту експропријација, а не пак градежни активности, но затоа има исплатено аванси од владата кон изведувачот и пенали кои треба да бидат исплатени.
Заради Ковачевски и Груби, владата префрли скоро 120 милиони евра, а во наредниот период по разни основи, меѓу кои и пенали треба да префрли сума која ќе достигне до 300 милиони евра, без притоа на терен нешто да се гради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.