Христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица беше традиционално прославен во славното мијачко село Гари.
Жителите на селото,туристи, но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираа во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движеа низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот – Успение на пресвета Богородица“.
Девојките ги облекоа своите најубави традиционални носии и беа дел од поворката кон главната селска црква. Во ова село празникот се прославува два дена.
Селото Гари неофицијално се нарекува и главен град на Западна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.