Ќе договориме скратена програма со Министерството за образование и со Бирото за развој, да се имплементира во наставата скратена програма, не би било фер учениците да имаат дополнителна настава, па да испаднат најголеми жртви на штрајкот, изјави за Плусинфо првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Училиштата и градинките и денеска се празни, односно функционираат во услови на штрајк, а од СОНК очекуваат денекса од Владата да ги повикаат на преговори.

Од Министерството за образование ни укажаа дека интензивно работат на пресметките, па очекуваме да нè повикаат во Влада на преговори. Тоа значи дека и утре најверојатно нема да има настава, бидејќи ќе ни треба време да заземеме став во раководството на СОНК околу евентуалната понуда што ќе ја добиеме – вели првиот човек на СОНК, Неделков.

Тој претпоставува дека штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, бидејќи постои варијанта дури во попладневните часови, тој и останатите претставници на СОНК да бидат повикани на консултации во Влада.

Синдикалниот лидер вели дека е презадоволен од организацијата на штрајкот на работниџците во образованието.

Со мали исклучоци, штрајкот е масовен и поддржан од нашите членови – додава претседателот на СОНК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.