Сите медиумски работници да се ослободени од продонеси за задолжително социјално осигурување бара ВМРО-ДПМНЕ во амандманот по членот 9 од Законот за медиуми.
Со ова, како што објаснуваат од партијата, би се овозможиле реални предуслови за покачување на платата во оваа дејност.
Станува збор за вработените во сите медиуми, како телевизија, печатени медиуми и радија, но и за вработените во интернет порталите. Исто така, барањето важи за сите вработени, а не само за новинарите. Потенцираат и дека нема да има никаква поделба на медиумите, и дека без разлика дали некои се сметаат за критички настроени или провладини, ова барање се однесува за сите.
Од овој амандман би била исклучена Македонската радио-телевизија, која добива средства од Буџетот, кои според ВМРО-ДПМНЕ се недоволни. Тие најавуваат дека доколку дојдат на власт ќе се погрижат за целокупно подобрување на државниот сервис.
Амандманот ќе биде поднесен веднаш, но доколку не помине во Собрание повторно ќе се актуелизира ова прашање по промената на власта, при ребаланс на буџетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.