По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија – СПМ, излегоа со јавна реакција.

Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.

Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост.

Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев,

Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти.

Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“.
Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“.

НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️

Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти.

До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи.

Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️
Тоа веќе НЕ МИНЕ❗



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.