Силниот ветер што во текот на денот ја зафати државава предизвика голем број проблеми.

Ветрот не ја одмина ниту Струмица, а на социјалните мрежи е објавена фотографија на која се гледа дека „жртва“ ветрот била и новогодишната елка во градот.

Елката беше поставена на градскиот плоштад, а силниот удар на ветрот ја кутнал на земја.

За среќа, при паѓањето на елката немало повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.