Гордана Силјановска Давкова ја освои довербата на на охриѓани, покажуваат последните објавени резултати на ДИК. Според 98,85% обработени гласови, Силјановска во родниот Охрид освои 14.462 гласови или 53,91% од пријавените гласачи во Охрид.

За Стево Пендаровски во Охрид гласале само 5.469, односно 20,39% гласачи. 

Во родното Скопје, пак, Пендаровски не успеа да освои доволно за да си го обели образот. Напротив, во родниот град за Пендаорвски гласаа 42816 избирачи помалку отколку за Силјановска, која е „натурализирана“ скопјанка.

Пендаорвски е роден е во скопско Пајко Маало – Центар, растен во Чаир и Бутел 2 – Бутел, а до стапувањето на функцијатa е жител на Автокоманда – Гази Баба.

Во ниту една од овие општини Пендаровски не успеа ниту да ѝ се доближи на Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.