Интервју со професорот и колумнист на „Република“

Шутаров: Љубовта кон татковината никогаш не може да биде демоде

Македонија 24.11.2022 / 8:26

Љубовта кон татковината никогаш не може да биде демоде, вели проф.д-р Васко Шутаров во интервју за  „Република“.

Повод за разговорот беше неодамна објавената книга на проф. Шутаров насловена како „Кога татковината станува чедо, а вистината-борба“, што е збирка од есеи и колумни објавени во Република.мк.

-Најтешки се несупстанцијалните зависности, коцката на пример. Но, и во политиката постои таков тип на зависност. Моќта не е само материјална. Некои велат дека моќта е најголем афродизијак. Така што жарта си останува, мене ми е многу жал што не сум дел од некогашниот тип на политички дебати, кои што имаа своја тежина. Тоа беа дебати со големо „Д“, не дебати приземни, со флоскули, со навреди, туку вистински политички дебати и нив ги работев со жар, зашто се соочувавме со силата на аргументот, а не со аргументот на силата. И тој жар си постои, не заради тоа што се однесува на Македонија, јас во книгата велам љубовта кон татковината или патриотизмот, колку и да ме убедувале дека е нешто што е пасе, минато време, нетрајно, неактуелно, заостанато, но сепак, таа, љубовта кон татковината, никогаш не може да биде демоде, вели проф. Шутаров.

Со проф. Шутаров разговаравме за неговата книга, за политиката, која се уште се наоѓа во центарот на вниманието во неговите текстови, иако одамна е професионално надвор од неа, за културната дипломатија и колку Република Македонија знае да ја користи, за вкрстувањето на погледите со неговите студенти, за неговиот избор на збор на годината во кој сепак се определи за МАКЕДОНИЈА.

Според мене и оваа година за многuмина од нас иако на маргините иако со додатоци, придавки, заменки како нашата мојата„ Македонија“ останува именка на годината.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Предраг Димитровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom canlı casinohttps://casibom-resmi-girisi.com/