Новата министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска на одбележувањето на Светскот ден на дивиот свет истакна дека ќе ги продолжи проектите кои во Министерството се започнати за време на мандатот на нејзиниот претходник Насер Нуредини, како и дека во текот на оваа година ќе бидат отворени и многу нови процеси.

Таа потенцираше дека процесите во животната средина и долги и скапи.

Секако мора да има продолжување на она што е веќе започнато. Ќе отвориме многу нови процеси оваа година, веќе се неколку најавувани. Конечно ќе го стартуваме заемот за управување со отпад во државата. Тоа е еден процес за кој сериозно работевме две години, оваа година активно ќе започнеме, паралелно на овој заем имаме уште еден заем за „Водовод и канализација“, каде што ќе бидат вклучени сите општини во државата, значи ќе помогнеме и во тој дел, наведе Шукова.

Министерката се осврна и на пречистителната станица што треба да се изгради во Скопје, истакнувајќи дека пред неколку денови е потпишано мислењето „Водовод и канализација“ и од Градот Скопје, со што процесот полека сериозно влегува во своја фаза на имплементација.

Шукова, зборувајќи за еден од најгорливите проблеми во земјава – загадувањето на воздухот, рече дека тоа е долг процес и оти не можеме да очекуваме да се реши за две, три или пет години.

Се прават максимални напори, она што државата можела да го направи е досега направено. Напревен е целосен мониторинг. Она што државата можеше да го направи во делот на јавните институции, во делот на енергетска ефикасност, замена за системите за греење, го правеше и јас правам напор тоа да продолжи. Морате да земете во предвид дека живееме во котлина и дека тука секако имаат влијание и климатските фактори. Секогаш ќе има проблем. Да направиме сите по малку за да можеме да го исчистиме воздухот во Скопје. Бидејќи не е само проблемот на индустријата, не е само проблемот на малите и следните претпријатија, секако е проблемот и на секое домакинство и на секој граѓанин. Мораме малку повеќе да влијаеме на јавната свест, иако мислам дека доволно сме зборувале, но нема да простанеме. Секој во својот сегмент, државата секако ги носи политиките, треба да се спроведуваат, меѓутоа дајте сите да направиме еден исчекор плус за да можеме да го подобриме квалитетот на воздухот во Скопје, истакна Шукова.

Министерката рече дека ќе направат напори за повторно да почне да функционира програмата за намалување на аерозагадувањето.

По повод Светскиот ден на живиот свет, одговарајќи на новинарско прашање за казните за оние лица кои извршуваат нелегална трговија со диви животни, рече дека се работи на правна рамка со цел да можат да се гонат лицата кои ги прават тие криминални дејствија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.