Твитерџијата „Кичевчанецот“ ја нарече гаф на годината објавата на претседателот Стево Пендаровски дека во Вестминстерската опатија „ѕвоната биеја 96 пати на секоја минута“ за бројот на годините на починатата британска кралица Елизабета Втора, а всушност биеја еднаш на секоја минута и така 96 минути.

Во истиот твит „Кичевчанецот“ откри уште една грешка: наместо Вестминстерската опатија пишува Вестминистерската.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.