Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, а сторителот е познат на полицијата. Јорданов денес потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.

Според Кривичниот законик сторителот на заканите се соочува со кривично дело загрозување на сигрурноста, дело за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години. Во врска со случајот и Секторот за Внатрешни Работи-Штип денес излезе со информација.

– На 21.03.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) –Градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19.40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот. – велат од СВР – Штип.

Инаку, на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од претходните градоначалници на Општина Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.