МНР претходно побара од оние кои не оставиле свои податоци веднаш да се јават во Министерството за да дадат прецизни информации за нивната локација со цел да се овозможи и нивна побрза евакуација. Дежурниот телефонски број кој постојано е активен во МНР е: +389 75 273 732

Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи.

„Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакуирани сите граѓани кои ќе побараат помош“, додава министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.