Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија, Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично. Да потсетиме дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња, велат од таму.
Од партијата додаваат дека народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.