Поранешниот владин портпарол и актуелен член и портпарол на Алијанса на Албанците, Шефик Дураку, вечерва објави дека ја напушта партијата на Зијадин Села.

Почитувани пријатели, колеги и соработници. Толку беше! Денеска завршува сиот мој политички ангажман во Алијансата за Албанците. Пет години работевме и негувавме опозициски дух, жртвувајќи се во секој момент, секогаш верувајќи дека промените може да се случат. Заедно постигнавме одлични резултати, запознав и стекнав многу искрени и идеалисти пријатели и другари во Алијансата за Албанците, за што сум горд, и ќе продолжам да бидам ваш пријател. Мојата политичка активност во Алијансата за Албанците е видлив, лесно евидентна и пред сè многу транспарентна и искрена, но нема простор да продолжам да работам, тие ги знаат причините и јас им кажав на оние кои треба да знаат, за пријателите и моите другари оваа одлука воопшто не е изненадувачка затоа што многупати сме дебатирале на оваа тема“, пишува Дураку.

Сакајќи да ве поштедам од каква било непродуктивна (можеби и ниска) дебата, додава тој, не сакам да навлегувам во детали за причините за донесување на ваквата одлука за напуштање на Алијансата за Албанците.

„Времето е најправеден сведок и судија, сè во свое време и место. Им благодарам на многуте искрени активисти со кои соработував долго време и кои многу ги ценам. Мојата политичка борба против оваа власт ќе продолжи, бидејќи оваа власт одамна мораше да си замине, но за жал таа сè уште владе, но сè уште има време и можност да се направи сè за да се смени оваа власт, пишува Дураку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.