При палењето на канцеларијата на претседателот немаше жртви, а на 27ми за малку ќе беше убиен човек, пратеник. Вака лидерот на Левица Димитар Апасиев, некогашен предводник на Шарената револуција, зборуваше за Уставобранителите, за кои сега гласно ги обвинува останатите пратеници зошто не изгласале амнестија.

Во дебата со Богдан Илиевски емитувана во ноември 2017 година тој му вели „Како бе културни луѓе со ножеви и пиштоли?“, „човек ќе убиевте, пратеник ќе убиевте“…

Апасиев му на Илиевски и дека треба да лежи во затвор заради „велепредавство и обид за насилно соборување на легитимни државни органи“.

Димитар Апасиев на Фејсбук зборува за законот за амнестија и дека сака ослободување за патриотите од 27 април. Видете што говореше пред неколку години кога беше хонорарец на СЈО. Пазете се од овој човек!, се вели на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.