Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин, потенцира поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, реагирајќи на обраќањето на Хозе Луиз Лозано Гарсија на првата трибина „ЕУ за македонската економија“ од кампањата на власта „Ние сме Европа“, која почна синоќа.
Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција…
Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате.
Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап, порача Шамбевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.